-->
-->
За килограм боровинки од Кожуф се плаќаат до 150 денари
-->
За килограм боровинки набрани од планината Кожуф се плаќаат до 150 денари. Стартуваше бербата на шумските плодови во кавадаречкиот дел на Поткожувјето. За разлика од други години кога во планината буквално вриеше од берачи на боровинки сместени во импровизирани шатори, годинава е многу мал бројот на оние кои пешачат и до 20 километри на ден, за да наберат од темните топчести плодови за кои веруваат дека имаат лековити својства.-Сезонава слабо има берачи на боровинки по терените на кои вообичаено ги има со години наназад. За време на бербата престојуваме по неколку дена во импровизирани живеалишта. Се наоѓаме на околу три километри од македонско грчката граница. Оваа година ги нема и откупните пунктови за боровинки што своевремено ги имаше во планината. Сега главно плодовите ги береме по нарачка за семејства кои ги бараат за здравје. Но, во услови кога боровинки има помалку, поголема е километражата што се оди, за да се најдат и тоа малку кои ги има, рекоа за МИА жители на поткожувските села, кои традиционално секој септември берат шумски плодови на Кожуф.
Дека во овој дел на Македонија е намален родот на боровинки поради неколкуте временски неприлики што ја зафатија Тиквешијата во изминатиот период, потврдува и Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во „Македонски шуми“, подружница „Бор“ од Кавадарци.
- Доказ повеќе за тоа е и енормно намаленот број издадени дозволи од наша страна, за собирање на лековити растенија и шумски плодови. Интересот за такви дозволи беше многу мал. Наспроти 145 издадени дозволи во 2016 година, сега имаме издадено само десет, нагласи Ристовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична против велешанец, со измама зел 4.000 евра од неготинец
-

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава
-

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
-

ОЈО ГОКК ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче Јовановски
-

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров
-

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација
-

Сиљановска Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус е потребен на регионалната соработка
-

Јаневска: Направивме промени во Законот за високото образование за кои сметавме дека ќе го подобрат
