Скопјанец нападнат во Охрид - поради стопирање на градба добил ќотек
Во Полициската станица Охрид В.В.(44) од Скопје вчера во 12:30 часот пријавил дека бил физички нападнат од две непознати лица.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека истиот ден на градилиште каде се изведуваат работи за градење на базен кај Билјанини Извори пријавителот како главен надзор, откако го стопирал градењето поради проблеми со бетонот, по кратко време дошле двете лица коишто најпрво почнале да го навредуваат, а потоа и физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе по телото, а биле спречени од лицето Р.М.
Од ударите В.В. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид. Истиот ден во 20,30 часот во полициска станица било повикано лицето Б.Х.(44) од с.Велешта-струшко во врска со настан за нарушен ЈРМ.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци