Димитров ќе реферира пред Комитетот за надворешни работи на ЕП
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој престојува во дводневна посета на Брисел, денеска ќе се обрати пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот Парламент.
Тој ќе информира за актуелните подготовки за одржување на референдумот, текот на имплементација на клучните реформи во земјата од страна на Владата на Република Македонија и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија, со цел на краток рок да се отвори патот за отпочнување на пристапните преговори.
Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент e работно тело на Европскиот Парламент во кое членуваат претставници од различни парламентарни групи застапени во Европскиот Парламент.
Димитров вчера имаше средба со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер со која разговараше за моменталната состојба во државата, текот на подготовките за престојниот референдум и на имплементацијата на реформите. Притоа, Димитров истакна дека Македонија одлучно оди на патот кон НАТО зацртан пред 25 години.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера