Македонија
23. August 2018 - 10:04

Скопско семејство преку ноќ остана без својата куќа

- Целосно изгоре куќа во пожар кој избувнал синоќа, околу 20:40 часот, во викенд населбата во скопското село Грчец.

Како што соопшти МВР, пожарот избувнал од засега непознати причини во викенд куќа на еден кат за која се уште не е утврдено кој е сопственик.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Полицијата ќе врши увид.