Пахор со највисока плата меѓу претседателите во регионот, Вучиќ со најниска
Претседателот на Словенија, Борут Пахор, има највисока месечна плата меѓу претседателите на регионот, а најмала добива српскиот претседател Александар Вучиќ, објави црногорска Побједа.
Платата на претседателот на Словенија на месечно ниво, изнесува 3.322 евра, а од друга страна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, добива три пати помалку, односно 1.083 евра месечно.
Повеќе од 3.000 евра се месечните примања на хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ, како и на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.
Грабар Китаровиќ има нето плата од 3.276 евра, додека членовите на Претседателството на БиХ заработуваат во просек 3.091 евра месечно.
Косовскиот претседател Хашим Тачи добива месечна плата од 2.873 евра.
Иако податоците за месечниот приход на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, се уште не се објавени на веб-страницата на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора, се знае дека неговиот претходник заработувал околу 2.420 евра месечно на таа позиција.
Помалку од 2.00 евра месечно заработуваат претседателите на Албанија, Илир Мета – 1.425 евра и на Македонија, Ѓорѓе Иванов кој заработува 1.250 евра.
Во текстот, исто така,се забележува дека платите на претседателот далеку ги надминуваат просечните месечни нето приходи во регионот, при што рекордери се косовскиот претседател и тројца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина. Месечната плата на Хашим Тачи е речиси осумпати поголема од просечната плата во Косово, додека на Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Младен Иваниќ се седум пати повисоки од просекот во Босна и Херцеговина.
Грабар Китаровиќ, Иванов и Пахор имаат трипати повеќе плата од просекот во Хрватска, Македонија и Словенија, додека платата на српскиот претседател Александар Вучиќ е двапати поголема од просечната плата во Србија.
Ново на Сител
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон