СДСМ: Мицкоски да не се крие зад лажните вести, туку да соопшти јасен став
Мицкоски да не се крие зад лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ туку да излезе пред граѓаните и да соопшти јасен став, да се изјасни за што е
Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги чита и внимателно ги анализира соопштенијата на СДСМ, тоа е шанса оваа опозициска партија на научи дека кога им се обраќа на граѓаните мора да има јасен и конкретен став, изградени политики, план и визија.
Особено кога станува збор за клучните прашањата за иднината на државата со највисок национален и државен интерес, како што е членството во ЕУ и НАТО и ставот за референдумот за македонската иднина.
Несериозно и неодговорно е да се нема јасен став за овие прашања.
Дополнително, има конфузија во ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски вели дека се консултира, во неговата партија немаат никаква информација за тоа, што вчера јавно беше потврдено од Александар Нацев.
Наместо да се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е.
Или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато.
Граѓаните се определени за светла иднина наместо за небиднина, сакаат напредок наместо уназадување.
На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет од целиот свет.
Ново на Сител
-
МЗ: Завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Мицотакис: Верувам дека постојат два пола – машки и женски
-
Калас: Трамп е во право дека ЕУ „не троши доволно“ за одбрана
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Кичево
-
Епидемија на грип во пет области во Бугарија
-
Голем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија
-
Го оштетиле Буџетот за 11.004.500 денари - Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице
-
Земјотрес со јачина од 5,1 степен на грчкиот остров Лезбос