ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да одговори за злоупотребата на службено возило

Продолжува низата од скандали на злоупотреба на службени возила од страна на оваа криминална власт.
После скандалот со злоупотребата на службеното возило на министерство за внатрешни работи од страна на ќерката на Директорот на БЈБ, Лазе Велковски за патување на одмор во Грција, и после користењето за приватни цели во Охрид на службеното возило од страна на шефот на единицата Алфи, Примислав Димовски, вчера македонската јавност беше сведок и на уште една злоупотреба на службени возила.
Имено се работи за возило на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство кое минатиот месец, поточно на 9.07.2018 управувано од лицето Н.Б. од Виница направило сообраќајна незгода и целосно го уништил возилото.
Министерот Николовски треба да и одговори на јавноста на неколку прашања:
Дали лицето Н.Б. имало патен налог и дали истото смеело да управува со службено возило од министерството?
Како се случило лице со договор на дело да има службено возило кое го уништил?
Кој дозволил ова лице да управува службено возило?
Со каква цел и каде било испратено ова лице и дали сообраќајната незгода се случила надвор од работно време?
Дали и кој ќе ја покрие штетата направена од оваа сообраќајна незгода, штета која што може да се забележи од фотографиите е голема, бидејќи возилото е целосно уништено?
Зошто министерството и МВР молчеле цел еден месец?
Збеснатоста на владата ја плаќаат граѓаните.
Министерот Николовски веднаш да понесе одговорност за овој случај. Ова криминално лудило на оваа власт мора да престане.
Овој скандал како и сите претходни за злоуптреба на службени возила на штета на граѓаните не смеат да помина неказнето. Сите прекршувања на законот, сите злоуптреби на власта ќе одговараат и понесат одговорност. Оваа криминална влада мора да замине, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
