Почна набавката на инсулин за 2018-2020, дотогаш има доволно количини
Министерството за здравство соопшти дека денеска е почната постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 - септември 2020 година.
Оттаму истакнуваат дека постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и граѓаните и оти пред да биде распишана јавната набавка контактирани се граѓанските здруженија кои дале свои мислења.
- Согласно побарувањата во тендерската документација, првпат по шест години во Република Македонија се очекуваат нови лекови за дијабетес, како што се инсулини и ампуларна терапија. Во целиот процес беше вклучена и Националната комисија за дијабетес, велат од Министерството за здравство.
Од Министерството за здравство нагласуваат дека до завршување на постапката за јавна набавка ќе има доволни количини инсулин во сите инсулински аптеки.
Заинтересираните економски оператори треба да внимаваат во подготовката на тендерската документација, посебно во делот на поднесување сертификати за квалитет на готов лек и одобрение за ставање лек во промет кои се наведени во техничките спецификации од тендерската документација.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата