Објавени први кадри од новите епизоди на „Досиеја Икс“

Продуцентската компанија „Фокс“ синоќа ги објави првите кадри од новите епизоди на популарната телевизиска серија „Досиеја Икс“.
Промоцијата е дел од кампањата под наслов „201 ден Досиеја Икс“, со која продуцентската куќа најави дека секој ден до премиерата на првата епизода од новата сезона, љубителите на серијата ќе може да гледаат по еден исечок.
Првиот исечок, кој трае 40 секунди, прикажува кадри од новите епизоди, но не окрива ништо посебно. Сепак „Фокс“ очекува тоа да ги „загрее“ обожавателите, по повеќе од 13 години пауза од оваа серија.
Премиерата на првата од вкупно шесте епизоди, колку што ќе има новата сезона, е најавена за 24 јануари 2016 година, а „Фокс“ извесен период работи на нејзината промоција.
Љубителите на серијата досега имаа можнсот, меѓу другото, да ги видат првите фотографии од снимањете на новата епизода што се одвива во Ванкувер, но и да слушнат што мисли Дејвид Духовни за сценариото за новата сезона.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
