МЗШВ: Следната недела ќе има конкретна интервентна мерка за стабилизирање на пазарот на сливи

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на почеток на следната недела ќе излезе со конкретна интервентна мерка за стабилизирање на пазарот на сливи, соопштија поладнево од МЗШВ по денешниот протест на производителите на сливи од Радовиш, кои се незадоволни од ниските откупни цени. Тие го блокираа патот Радовиш-Струмица и побараа да се реализира вчера договореното со претставник на Министерството, а тоа е, дел од сливите да одат за откуп и дел за индустриска преработка.
-Мерките кои што ќе бидат преземени, вчера беа заеднички разговарани на состанокот во Радовиш помеѓу тимот од МЗШВ и производителите и откупувачите на сливи. Од вчерашниот состанок произлегоа конкретни предлози од двете страни, кои МЗШВ ќе ги разгледа, и како ресорно Министерство ќе донесе мерки кои ќе бидат од заеднички интерес и на производителите и на откупувачите на сливи, се истакнува во соопштението на МЗШВ.
Од Министерството апелираат до земјоделците да не потпаѓаат на политички монтирани информации и создавање на вештачка криза. Потсетуваат дека Владата преку МЗШВ и во изминатиот период навреме реагираше и преземаше мерки за секоја земјоделска култура, како што годинава се реагираше за доматите, а минатата година за лубениците и за праските.
Согласно поднесените барања за директни плаќања за површини со сливи за 2018 година, пријавени се 2.788 лица со вкупно пријавена површина од 2.121 хектари. Од Програмата за директни плаќања за одржување на насади од слива се исплаќа субвенција во висина од 33.000 денари за хектар и 39.600 денари за површини од еден до пет хектари.
Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субвенција од три денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
