Битола европски град на културните вредности
Оваа година е година на европското културно наследство, а Европската Унија токму во Македонија поддржува голем број културни настани и проекти. Битола е град кој е симбол на културните вредности, но и град каде многу лесно може да се почуствува европскиот дух. Но, битолчани се тие кои се најодговорни за зачувување на културното богатство на овој град, велат од Делегацијата на Европската Унија.
- Мислам дека најбитен фактор се луѓето, тие се оние кои придонесуваат за придонесување за една култура. Можам да кажам дека силно е присутен европскиот дух во Битола, не би можел да кажам дали сум во Париз или во Битола. Грантовите од Европската Унија се тука, но без жителите на Битола не може да се зачува културата. Тие се оние работи кои се битни за да се зачуваат сите оние богатства во Битола, изјави ЛУКАШ ХОЛУБ, РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛОТ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРАШАЊА, ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА.
А изложбата „Со љубов од Битола“ е еден од тие културни настани кои не само што го пренесуваат европскиот дух на Битола, туку и го овековечуваат моментот на сегашноста, за да живее во иднината.
- Изложбата сведочи за Битола, затоа што во овој временски интервал многу работи се менуваат, но дел од нив остануваат овековечени на фотографиите, вели ОРГАНИЗАТОРОТ НА ИЗЛОЖБАТА, ДИОГЕН ХАЏИ-КОСТА МИЛЕВСКИ.
Низ своите објективи повеќе од дваесет фотографи аматери и професионалци преку светлината и бојата ја раскажаа приказната за минатото, сегашноста и иднината на Битола.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
