Тешка несреќа во Тетово - шест лица повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила во село Сиричино, тетовско. Според информацијата на МВР, вчера во 17.15 часот на регионалниот пат Тетово-село Сиричино, кај воениот склад „Еребино“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски таблици, управувано од А.Н. (35) од с.Калник и патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш. (24) од с.Шемшово. Притоа, на повреди се пожалиле возачот на возилото „Голф“ А.Ш. и неговите сопатници А.А. (27) од с.Шемшово, А.Љ. (22) од с.Шемшово и А.Н. (35) од с.Г.Палчиште. Со друго возило тие биле пренесени во клиничка болница Тетово каде им била укажана лекарска помош. Поради карактерот на повредите возачот бил задржан на лекување, додека сопатниците, по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
