Укината спорната уредба, наскоро обесштетување од непогодите во 2016 и 2015 година
Министерството за земјоделство очекува во најскоро време да почне обесштетувањето од поплавите и временските непогоди за 2016 и 2015 година. Процесот е се уште блокиран, но спорната уредба е укината. Предметите се во надлежната владина комисија, а подготвена е и Информацијата што треба да помине на седница на Владата. Потоа ќе стартува и исплатата на средствата, најави денеска шефот на Кабинетот во Министерството за земјоделство Трајан Димковски.
Одговорајќи на новинарски прашања, Димковски рече и дека за обесштетување на земјоделците од временските непогоди во 2018 година се уште нема конкретна бројка зашто проценката е во тек.
- За 2017 година сумата што треба да се исплати е околу четири милиони евра. Според Платежната агенција, делот во Ресенско е целосно исплатен. Останатите штети се исплаќаат, но колку точно од четирите милиони се исплатени во моментов не можам да кажам. За земјоделските површини не е направено ништо во 2016 година. Постапката е заглавена поради фамозната уредба која го кочи целиот процес. Барањата се стигнати до владината комисија за штети, треба да бидат препратени во Министерството за земјоделство. Но, ние не можеме да постапиме зашто парите се исплаќаат преку Платежната агенција која, пак, работи по индивидуални случаи, а не по елаборати на општини во кои може да бидат опфатени 1.000 или 2.000 земјоделци. Тука е застаната целата работа. Подолго време се обидуваме да го откочиме процесот, објасни Димковски.
Во врска со осигурувањето на земјоделските површини, тој потенцира дека трендот на намалување продолжува. Во 2015 година имало 5.000 полиси, а лани само 2.000.
- Земјоделците имаат проблеми со осигурителните компании, но најголем проблем поради кој тие не ги осигуруваат посевите е нивното размислување „зошто да осигурувам, кога државата ќе ми ја плати штетата 100 отсто“. Трендот, за жал, се намалува иако државата за ова обезбедува 60 проценти поддршка, истакна Димковски.
Ново на Сител
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“
-
Голема количина отпад изваден од дното на Охридското Езеро кај Радожда
-
Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур