-->
-->
Ме удри три пати, па ме извлече од автомобилот да ме дотепа: Потресна исповед на љубовницата на Халид Муслимовиќ
-->
Жената која го пријави пејачот Халид Муслимовиќ дека ја претепал кон крајот на јули во Бања Лука, тврди дека тие двајцата се во врска три години и дека добила ќотек кога барала да и врати 94.500 евра.Соња Башиќ приложила и писмен материјал, кој по нејзините зборови докажува дека му давала пари, како и заеднички фотографии, како и оние на кои таа има модрици.
-Со Халид почнав да се забавувам во ноември 2015 година, кога беше во Австралија на турнеја. Му помогнав да опстане, бидејќи е во тешка ситуација, има хипотека. Му помагав околу тој кредит, но и децата да му се образуваат на факултет во Бањалука, како и за снимање на неговите песни и спотови-изјавила таа.

-Три пати ме удри со рака преку уста, па го запре автомобилот, излезе и дојде до мојата врата. Со раката ме фати за коса, ме извлече и јас паднав на земја. Удрив со десниот колк на камен. Го прашав: Халиде, зошто ме удараш, а тој почна со другата рака да ме удра во вилицата- го опишала таа настанот од пред некој ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
