Турчинка невиден рекордер: Изеде 255 шиш ќебапи за 23 минути
Турската студентка Черен Јилмаз го соборила рекордот на ресторан во Анталија кога изела 255 шиш ќебапи за само 23 минути.
Јилмаз, која тежи 40-ина килограми, испила три чаши ајран, две шишиња вода, а јадела и салата при поставувањето на рекордот. Вкупно 21 студент се натпреварувале во јадењето шиш ќебапи, а Јилмаз за победата добила мобилен телефон и златен накит вреден 55 евра, како и право бесплатно да јаде во ресторанот во следните четири месеци.
Студентката изјавила дека се пријавила на натпреварот за да им покаже на сите што ја исмевале за недостигот на килограми.
- Тежев 47 килограми по натпреварот. Се здебелив за половина час, изјави таа. Досегашниот рекорд го држела Бурса Канимогла, со 194 шиш ќебапи изедени за 18 минути.
Сопственикот на ресторанот Илијас Демир вели дека следниот натпревар ќе биде за мажи, од кои ќе се бара да изедат над 300 шиш ќебапи.
Ново на Сител
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил
-
Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“
-
10 години не плаќал данок преку неговите 4 фирми, кривична за газда од Тетово