-->
-->
Црниот мршојадец се враќа на Балканот
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/august/fwafvdsgzrd-187508.jpg?itok=YxbJUwWt)
Во следните четири години во рамки на овој проект спроведуван од повеќе бугарски здруженија и координиран од Фондацијата за заштита на мршојадците (VCF) ќе бидат пуштени на слобода вкупно 50 вакви мршојадци, одгледани за оваа намена. Птиците ќе бидат опремени со сателитски предаватели со помош на кои ќе се следи нивното движење и ќе се овозможи поефикасно проучување и заштита.
Од Македонското еколошко друштво информираат дека во следниот период некои од овие птици ќе може да се забележат и во Македонија бидејќи тие поминуваат големи пространства барајќи храна или погодни места за гнездење.
- Иако ова е убава вест за заштитата на мршојадците, како и строго заштитениот црн мршојадец, заканите се големи за неговиот опстанок во Македонија, поради честата употреба на отрови за заштита на стадата, контрола од глодари и слично. Овој проблем е сериозен и во минатото ова е една од главните причини зошто овие видови мршојадци се целосно истребени во Македонија. Ќе треба напорно да работиме во иднина во рамки на Балканскиот проект за борба против отрови за да обезбедиме сигурна средина за размножување на овој строго заштитен вид, изјави Ненад Петровски, раководител на проект во Македонско еколошко друштво.
Во Македонија два од четирите видови мршојадци се исчезнати на почетокот на 21.от век. Последниот црн мршојадец кој некогаш гнездел на територијата на Македонија е забележан во 2005 година.
Според Македонското еколошко друштво, популациите на брадестиот и црниот мршојадец биле истребени поради прекумерна илегална употреба на отровни замки наменети за контрола на предатори, но и недостаток на храна, уништување и вознемирување на нивните живеалишта
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом