Џет-Сет
30. July 2018 - 14:27

Халид Муслимовиќ претепал жена: Пејачот мораше во полицијата поради тепање и закани

Халид Муслимовиќ се најде под истрага на полицијата под сомнение дека ја претепал 45-годишната жена, по што наводно и и се заканил дека „ќе ја изеде помрачина“. Истрагата, пренесува Аваз, е покрената откако С.Б. го пријавила пејачот во полициската управа во Бања Лука, велејќи дека тој ја нападнал во Козарац додека со автомобил се возеле за Бања Лука, каде што живее таа.

Таа пријави дека се скарале на 27 јули меѓу 2 и 3 часот наутро, по што тој и задал повеќе удари по лицето и телото. Во пријавата, таа навела дека, по доаѓањето во Бања Лука ја исфрлил од автомобилот.

Портпаролот на Полициската управа Бања Лука Марија Маркановиќ ги потврди овие наводи.

„Полицајците постапија по пријавата и го испитаа Муслимовиќ. По комплетирањето на предметот против него ќе биде доставен извештај до Окружното јавно обвинителство во Бања Лука, изјави Маркановиќ.

Како што се наведува, Муслимовиќ се товари дека сторил кривично дело нанесување на телесни повреди, и загрозување на безбедноста.

Популарниот пејач, дематирал се.

„Точно е дека од Козарац тргнавме кон Бања Лука. Беше пијана, и бидејќи од претходно се познаваме зошто ми ги работеше турнеите по Австралија, не сакав да оди со такси или да ја вози некој кој не го познава, па ја возев. Всушност, таа мене ме нападна во автомобилот, а не јас неа. Да бидам до крај искрен...Од почетокот имаше некои амбиции кон мене. Бараше да не ја враќам дома туку да останам со неа во станот во Бања Лука. Не се согласив и таа збесна. Беше многу пијана. Постојано бараше да застанам со автомобилот, да излезе надвор. Во поднапиена состојба неколку пати удри во автомобилот, во вратата од автомобилот. Ја измисли целата приказна, зошто не сакав да „играм“ како што таа бараше. Не е точно дека ја претепав. Како господин ја донесов до станот, сакав да и излезам во пресрет и на крајот добив непријател. Се излажа за да ми направи лошо“, изјави Халид.