ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ го спроведуваат на дело најголемиот и најбруталниот грабеж

Зад кулисите на бришењето на името Република Македонија и откажувањето од македонската традиција, историја и култура, Зоран Заев и СДСМ го спроведуваат на дело најголемиот и најбруталниот грабеж. Се краде безмислосно и бессрамно. Одговорност нема. Органите на прогонот се под целосна контрола и притисок на криминалниот картел на власт. Наместо да се најдат на обвинителна клупа, осмничените продолжуваат да располагаат со парите на граѓаните и да ги прикриваат трагите.
Картелот на власт се откажува од се што е македонско, нашето име, јазик, историја, идентитет и култура, го промени Уставот, ги крши законите и процедурите, само за да ги прикрие украдените милиони на грбот на македонскиот граѓанин.
Владата на СДСМ ги користи овие темни моменти во македонската историја и матни времиња за исплаќање на долговите кон своите партиски послушници и полтрони. Буџетот на Македонија, преку Фондот за иновации и технолошки развој е оштетен за 10.5 милиони евра.
Во моменти кога економијата е во слободен пад, бруто домашниот производ бележи очајнички раст од 0,1 проценти во првиот квартал за 2018 година, а во 2017 економскиот раст изнесуваше 0 проценти, стотици илјади евра легнаа на
сметките на фиктивни фирми, во сопственост на лица блиски до Заев и СДСМ. За трагедијата да биде уште поголема, во моменти кога милионски суми се доделија за наводни иновации, Македонија за 2018 година бележи пад од 27 места на скалата за иновативност.
Целта на ваквото криминално работење е евидентна, целта е купување на поддршката за промена на името и распродажба на државните и националните интереси.
Заев е видно исплашен, стравува дека нема да може да ги исполни концесиите кон оние на кои им ја ветил капитулацијата на Македонија. Граѓаните не ја поддржуваат капитулантската Спогодба со Хеленската Република, со која македонската нација, се претвора во вештачка нација. Заев знае дека нема поддршка кај народот, Заев знае дека мора да си замине бидејќи на крајот Македонија ќе победи!
Ново на Сител
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
