Македонски возила демолирани во Калитеа

Возила со македонски регистарски таблички викендов се искршени на паркинг во Калитеа, на првиот крак.

Македонските туристи се жалат дека сите возила кои биле со македонски ознаки буквално биле демолирани. Искршени се предни и задни ветробранови стакла, прозори на врати, уништени ретровизори, дупнати гуми, пренесува Република.

-Кога дојдовме на паркинг, срчи имаше на сите страни. Возилата беа демолирани. На нашето возило немаше здраво стакло. Ретровизорот е искршен, гумите дупнати. Отидовме кај најблискиот вулканизер да видиме за гуми да можеме да влеземе барем во Македонија. Ни бараа 50 евра за гума. Тоа беше најевтината понуда што ја добивме, вели револтиран македонски турсит, сопственк на едно од возилата кои се демолирани во Калитеа, една од најчестите дестинации на Македонците.


ФОТО: Република
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
