Раст на депозитите на стопанството

Вкупните депозити во Македонија во јуни се зголемени за 0,8 проценти на месечна основа, главно заради растот на депозитите на корпоративниот сектор, кои имаат учество во растот од 72,4 проценти, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Анализирано на годишна основа, во јуни продолжува нагорниот тренд на раст на депозитите што достигна 9,9 проценти. Овие остварувања се резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.
Вкупните депозити на домаќинствата во јуни оствариле месечен раст од 0,3 проценти којшто се должи на депозитите во странска валута, при минимален пад на денарските депозити. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 7,9 проценти со речиси подеднакво учество на депозитите во денари и депозитите во странска валута.
Кај корпоративниот сектор, пак, вкупните депозити бележат месечен раст од 2,3 проценти и годишен раст од 12,7 проценти соодветно. Нагорната месечна промена главно се должи на зголемувањето кај краткорочните депозити во странска валута (придонес кон растот од 77,0 проценти), а годишниот раст произлегува од зголемените депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, при пад на краткорочните денарски депозити.
Во јуни паричната маса оствари месечен раст од 0,8 проценти, во најголем дел како резултат на растот кај краткорочните депозити, кои придонесуваат со 83,7 проценти во месечната промена. Годишната стапка на раст на паричната маса изнесува 10,1 процент, при остварено зголемување кај сите компоненти. Гледано од аспект на придонесот на одделните компоненти, најголем дел од годишната промена произлегува од растот на депозитните пари, по што следуваат краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
