Прилепските тутунари загрижени за родот
- Поради неповолните временски услови кои го погодија родот, прилепските тутунари од Министерството за земјоделство очекуваат соодветни мерки, а од компаниите да не го откупуваат тутунот „туку така“.
- Ја скениравме состојбата на терен и сме во разговори и преговори и со откупувачите и со минстерството, вели претседателот на Сојузот на тутунските здруженија Кире Неделковски.
Според него, дождот ги намали приносите, а градот што падна во трите региони, за уште 20 проценти го намали родот.
- Во пелагонискиот, радовишкиот и велешкиот регион градот направи штети на површините со тутун. Со поројните дождови, ситуацијата во моментов е незавидна. Од предвидените 28.000 тони колку што бараа откупувачите и колку што се очекуваше да биде родот, добро е ако го извадиме ланското ниво од 23.000 тони, истакнува Неделковски.
Доколку временските услови и натаму се нестабилни како деновиве, квалитетот на тутунот ќе биде полош, а тоа ќе ја намали цената.
- Се надеваме дека август, ако има доволно сонце, ќе биде пресвртница во годинашното производство, дополнува претседателот на Сојузот.
Ристе Тошески од Прилеп кој цел живот се занимава со производство на тутун, вели дека тутунот годинава израснал наеднаш. При расадувањето било жешко, а потоа следуваа поројните дождови.
- Тутунот израсна наеднаш, кревок е и му треба сонце за да добие на квалитет. Листовите се поголеми и од параметрите што се пропишани за откуп. Значи, ќе падне квалитетот доколку не го „испече“ сонцето за да добие на тежина. А годинава вложивме многу во заштитни препарати. Тешка година е. Има време во август и септември, ако има сонце да се поправи ситуацијата, ама загрижени сме. Што ако има квантитет, а нема квалитет, напоменува Тошески.
Годинава со откупувачите се потпишани 34.105 договори, издадени се 23.432 евидентни листови, а производството е на 14.669 хектари што е речиси исто како лани. Но, се уште нема ништо од барањето за зголемување на откупната цена во просек за 20 отсто.
- Откупувачите понудија мало зголемување. Ние остануваме на барањето за зголемување на цените: за прва класа 10, за втора 30, а за трета класа 20 проценти што ќе ја анулира разликата по класи. Се уште нема исход од ова, но се надеваме дека до крајот на август многу работи ќе се знаат за годинашнава реколта, вели Неделковски. е
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Градскиот парк повторно го враќа својот сјај
-

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
-

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим
-

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
