Изложба на Мајкл Клос во македонската Амбасада во Прага

Во амбасадата на Република Македонија во Прага синоќа се одржа изложба на канадскиот сликар од македонско потекло Мајкл Клос, насловена „Сликарството на патот до хуманоста".
Изложбата ја отвори амбасадорот Паскал Стојчески, заблагодарувајќи се за искрениот интерес на публиката за трудот на признатиот сликар, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Авторот, кој го користи сликарството како израз за поврзување на народите во светот без разлика на националната и верската припадност, со посетителите кои добија подарок минијатурни цртежи, ги подели своите впечатоци за работата, која му дава можност да даде свој придонес за промоција на хуманите вредности.
Својот проект, уметникот го посветува на големата хуманитарка Мајка Тереза и на ,,обичните" жени кои придонеле за доброто на своите семејства.
Во делата на уметнокот се забележуваат дел од најстарите знаци на земјата: триаголникот, цик-цакот, бранот, трите паралелни линии, Шевронот и кругот, кои доловуваат праисториско ехо.
Човечкото лице и дел од фигурите се испреплетуваат со други асоцијативни форми во спектар од црвени, зелени, сини, бели и црни линии. Преку неговите дела се потсетува на артефактите пронајдени во античките култури низ светот.
Клос е сликар со македонско потекло, роден во Канада. Досега има реализирано стотина самостојни изложби во над 20 земји во светот. Сликарството е неговата главна преокупација, но веќе долго време работи и како графички дизајнер и сценограф.
Има работено на филмот ,,Тројца мажи и бебе" и ,,Т и Т".
Во 2001 година тој имаше серија на емисии за Македонија и Бугарија.
Делата често пати ги донира за да им помогне на добротворните организации.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
-

Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма
