Британски извештај: На Западен Балкан ќе му требаат децении до стандардите на ЕУ
На Србија и другите држави на Западен Балкан ќе им биде потребно 50 или 60 годии да го достигнат животниот стандард на ЕУ, се наведува во извештајот на британскиот Комитет за надворешни работи објавен пред неодамнешниот Самит во Лондон, јави „Блиц“.
Перспективата на шесте земји од Западен Балкан кога станува збор за членство во ЕУ, во овој извештај е многу мрачна, а меѓу големиот број пречки, освен хроничната економска стагнација, се спомнуваат и постојаните билатерални спорови и етнички конфликти.
- Западниот Балкан од насилните конфликти во 90-тите години надмина многу проблеми, но тука завршуваат добрите вести од овој регион. Тој останува оптеретен со испреплетени проблеми. Сето ова не може да се земе здраво за готово. Проблемите во меѓувреме се влошија, а локалните елити имаат интерес да задржат статус кво, се наведува во документот.
Во извештајот на Британскиот комитет се констатира и дека пред помалку од 25 години на Западен Балкан имало војна, како и дека се случило „најекстремното насилство кон цивили во Европа од крајот на Втората светска војна“.
Во документот се цитира и Димитар Бечев од Универзитетот во Северна Каролина.
- Надминати се многу проблеми кои во 90-тите години доведоа до насилни судири, но добрите вести тука завршуваат. Ситуацијата на Западен Балкан се уште ја отежнуваат билатералните спорови и етничките конфликти, наведе Бечев.
Во британскиот извештај исто така се споменува и не толку големата популарност за проширувањето на ЕУ меѓу граѓаните во државите членки, јави Танјуг.
Директорот на агенцијата Нова Европа од Кембриџ, Тимоти Лес вели дека 59 проценти од граѓаните поддржуваат прием на нови членки, додека 49 проценти се апсолутно против.
- Судејќи според сегашниот тренд, на Западен Балкан ќе му требаат децении да се приклучи во ЕУ, оцени Лес
Ново на Сител
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
-

Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
-

Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
-

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
