Тој хорор траел околу еден час, со огромни удари на ветер и силни грмежи.
Националната метеоролошка служба рече дека силните бури со честици од песок познати под името хабуб, патувале повеќе од 400 километри, додека прашината достигна висина од 6.000 метри.
Хабуб може да биде долг со километри и да достигне висина од неколку илјади метри.
Фотографиите и снимките го прикажуваат спорото движење на ѕидот прашина додека поминува низ делови од земјата. Синото небо брзо добива портокалова боја, а потоа почнува да преовладува темница.