Почнува 12. Македонска извидничка смотра
Повеќе од илјада извидници од Македонија и 15 други држави ќе бидат дел од 12. Македонска извидничка смотра што од денеска до недела ќе се одржува во атарот на селото Скребатно кај Охрид.
Учесниците на смотрата годинава ќе ги разработуваат и надградуваат своите вештини на шест локации, во рамки на стотина работилници поделени во четири основни области - извиднички вештини, природа и авантура, забава и предизвици, култура и традиција.
И годинава е најавено формирање на SDG (Sustainable Development Goals) селото, каде извидниците ќе се запознаат со целите за одржлив развој и ќе учат на кој начин и како можат да придонесат за создавање на подобар, поздрав и поодржлив свет за сите.
Првата извидничка смотра во Македонија се одржа во 1958 година на езерото Младост кај Велес.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд