Триесет и пет лица загинаа во напади врз сириски болници
Организацијата Лекари без граници соопшти денеска дека во неодамнешните интензивирани воздушни напади врз сириски болници загинале најмалку 35 пациенти и медицински персонал, а ранети се 72 лица.
Во ескалација на нападот на воздушните сили, кои Лекари без граници не ги идентификуваа, а кои почнаа кон крајот на септември цел биле 12 болници во Идлиб, Алепо и провинцијата Хама, вклучувајќи шест, кои ги поддржува оваа Организација.
- Вкупно шест болници беа принудени да ги затворат вратите, а уништени се и четири амбулантни возила, се наведува во соопштението на Лекари без граници.
- По повеќе од четири години војна, останувам шокиран од кршењето на меѓународните закони од сите страни во конфликтот, изјави претставникот на Лекари без граници за Сирија, Силвен Грил.
Во војната во Сирија, која влезе во петтата година загинаа повеќе од 250 илјади лица. Повеќе од 6,5 милиони се внатрешно раселени, а од земјата побегнале 4,2 милиони во една од најголемите мигрантски кризи во поново време.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка