Последен ја напушти пештерата во Тајланд, но немаше време за славење: Спасувач дозна за семејната трагедија
Таткото на австралискиот херој, лекарот кој беше од клучно значење за спасувањето на младата тајландска фудбалска екипа починал веднаш откако беше завршена операцијата за спасување на децата, јавува Newshub.
Д-р Ричард Хари Харис, анестезиолог и експерт за нуркање од Аделаида, го ризикуваше животот одејќи четири километри низ пештерата Чианг Раи секој ден, за медицински да ги проценува 12-те момчиња и тренерот заглавени внатре, објави АБЦ.
Но, кратко време по завршувањето на успешната операција за спасување, д-р Харис добил телефонски повик со кој го известиле дека неговиот татко починал.
Шефот на д-р Харис и директор на клиниката Медстар, Ендру Пирс, објави соопштение во кое се вели дека д-р Харис одиграл извонредна улога во одговорот на Австралија за спасувањето кое го привлече глобалното внимание.
-Ова е секако време на тага за семејството Харис, што ги зголемува физичките и емоционални барања во оваа многу комплексна и крајно успешна операција за спасување, рече тој.
Д-р Харис требаше да биде на одмор, но тој одговори на повикот од тајландските власти за помош, откако беше именуван од британскиот нуркачки тим како најдобар во таа работа.
Поради неговото повеќе од 30-годишно искуство како лекар и нуркач, д-р Харис беше дел од 20-члената австралиска група која отиде да помогне во Тајланд.
Ново на Сител
-

Научници: Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио
-

44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор
-

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
-

Осум активни пожари низ државата
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
