-->
-->
Денеска е Св. маченик Лонгин
-->

Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска. Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога евреите сакаа да го убијат заради неговата вера во Христа, тој тајно го напушти Ерусалим и се пресели во Кападокија, па на имотот на својот татко. Но, евреите го наклеветија пред Пилат и овој испрати војници да го погубат. Кога војниците наближија, тој им излезе во пресрет, ги прими во домот и ги нагости, а утрото им кажа дека е оној кого го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не сакаа да го погубат, но Лонгин настојуваше да ја извршат наредбата на својот старешина. Тогаш војниците му ја отсекоа главата. Така пострада овој сведок на Христовиот живот и воскресението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
