Македонија
10. July 2018 - 16:16

Партиите без договор за формирањето на ДИК

Илија Димовски ќе го чека меѓупартискиот договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пред да ја закаже Комисијата за избори и именувања на која треба да почне постапката за избор на ДИК иако огласот е завршен пред повеќе од две недели.

Власта и опозицијата треба да се усогласат околу законот за финансирање на политичките партии и законските измени за техничка влада 100 дена пред избори, кои еднаш веќе беа усогласени, но никогаш не дојдоа на дневен ред,. Сега ВМРО-ДПМНЕ ги бара како предуслов, СДСМ вели дека техничка влада 100 дена пред избори не е потребно.

 „Собранието треба да го гласа со двотретинско мнозинство, а тоа е трет пат каде што се бара усогласување на политичките партии. Доколку нема усогласеност, а Комисјата свика седница, таа постапка ќе биде осудена на неуспех „

Според него, не е опција ниту Талат Џафери самоинцијативно да ја закаже комисијата за избори и именувања, бидејки на пленарна седница за избор на ДИК потребно е 2/3 мнозинство што значи и гласовите од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ и понатаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочат изборот на ДИК.

„Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои веќе се напишани. На сите треба да им биде јасно дека амнестија за криминал нема да има. Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за избори и именувања за да се изберат членови на Државната изборна комисија. Тоа впрочем е предуслов за одржување на референдум за иднината на државата“

Политичките аналитичари пак велат дека имајќи ги пред вид роковите за референдумот за името до почетокот на октомври, партиите, ќе мора да ги донесат договорените закони и да ја формира ДИК до крајот на месецов.

Според Божиновски се уште е рано да се зборува за предвремени избори.

Талат Џафери веќе најави дека има намера изборот на ДИК да го стави на седница на 17 јули. Од друга страна, членовите на ДИК се избираат со 2/3 мнозинство што значи дека неопходни се гласови од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.