При крај е проценката на штетите во овчеполскиот регион

Завршува проценката на штетите од силното невреме проследено со град во светниколскиот регион, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велков. Општината ќе бара прогласување на елементарна непогода, што се случи на 13 јуни, кога невремето проследено со град уништи над 5.000 хектари земјоделски култури, но исто така од паднатите дрва и силниот ветар има и оштетување на фарми и куќи.
- До Општината беа доставени 412 барања за проценка на штети, но деветте екипи од Комсијата за проценки на штети кои изминатиот период беа на терен имаат дополнители 200 барања, односно направени се 612 записници за проценка на штети. Најмногу барања има од атарите на село Црнилиште, Амзабегово и Пеширово, вели Велков.
Според проценките на членовите на комисијата во овчеполскиот регион лозовите насади се уништени од 100 до 70 проценти, житните култури од 40 до 50 проценти, раноградинарските производи од 60 до 70 проценти, а исто така и тутунот. Велков забележува дека проценката на терен е во завршна фаза, по што извештајот ќе биде доставен до Владата и ќе бараат прогласување елементарна непогода во Овче Поле
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
