Дефект на една од главните водоводни цевки причина за прекинот со водоснабдувањето во Тетово
Дефект на примарна водоводна мрежа, односно на една од главните цевки во Тетово е причина што од вчера попладне нема вода за пиење во делови од градот, информираа од Јавното комунално претпријатие Тетово.
Според нивните податоци во текот на вчерашниот ден било утврдено дека има дефект на цевка Ф-400 на улица „Цветан Димов“ што се наоѓа во близина на објектите на СВР Тетово. Поради тоа било прекинато водоснабдувањето и започнато со поправање на дефектот вчера во 17 часот и 30 минути. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до целосната поправка на дефектот инфомираат од ЈКП Тетово.
Според податоците од работата организација Водовод и канализација при ЈКП Тетово во моментот издашноста на планинските извори од каде се снабдува градот со вода за пиење е повеќе од 500 литри вода во секунда. Ова значи дека во овој период градот ќе нема проблеми со редовното водоснабдување, а евентуалните прекини се поради честа појава на дефекти на водоводната мрежа поради старата и дотраена мрежа.
И покрај најавите за доволни количини вода за пиење во текот на летото надлежните апелираат таа рационално да се користи, бидејќи граѓаните често знаат да ја злоупотребуваат токму во овој период за миење на улиците пред своите куќи или деловни објекти, вадење на дворовите и градините и слично
Ново на Сител
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
