Од утре ќе се наплаќа зонско паркирање пред манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези

Од утре ќе почне да работи новото зонско паркиралиште, зона А02 кај манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези. Паркирањето на оваа паркинг-зона ќе се наплаќа за време на државните празници и за викендите од девет до 16 часот, информираат Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“.
Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час 50 денари. СМС пораките за паркирање може да се испратат на бројот 144 144 од сите мобилни оператори во Република Македонија.
- На паркиралиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли на кои се наведени сите неопходни информации во врска со паркирањето, времетраењето и цената. Непрописното паркирање на ова паркиралиште и непочитувањето на сигнализацијата ќе се санкционира, се вели во соопштението.
Градските власти информираат дека оваа новина е дел од оптималното решение за зачувување на планината Водно и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
