Неуништливиот Ѓорѓе: Хирургот во стомакот ми заборави игла и газа, едвај преживеав!

Ѓорѓе паднал од вториот спрат на зграда и имал отворена фрактура на черепот, сосед го прегазил со кола, а кога му пукнало слепото црево тој за малку ќе починел од сепса.
Спортистот Ѓорѓе Ѓениќ (29) во куќата на Големиот Брат влезе во петокот а веќе се стекна со непријатели, особено кај женискиот дел кои веќе го нарекоа незрел единаесет годишник. Но Ѓорѓе е сигурен дека ќе издржи до крајот на шоуто бидејќи како што вели, во животот се наоѓал во многу полоши ситуации.
Три пати избегнал сигурна смрт. Првиот пат, на петгодишна возраст паднал од втор спрат на зграда. Се играл заедно со останатите деца кога на едно од децата му паднало брош, па наместо да се симне и да го земе, Ѓорѓе ја пресконал оградата и паднал на земја со глава од шест метри висина. Се здобил со фрактура на черепот, а лекарите еден месец се бореле за неговиот живот. Неговото заздравување траело една година, морал да мирува цело време а имал проблеми и со одењето.
Едвај преживеа - кажал најдобриот пријател на Ѓорѓе од детството, Милош.
Вториот пат, после две години го удрил автомобил. Бил пред зградата и здогледал пријател преку улицата. Се затрчал да ја премине не гледајќи дали има автомобили кои минуваат, па на него налетал автомобил управуван од сосед. За негова среќа, тогаш немал посериозни повреди.

Третиот пат му пукнало слепото црево. Итно го оперирале, но само по две недели раната му се инфицирала бидејчи хирургот во неговиот стомак заборавил газа и игла, па морал да замине по втор пат на операција.
- Тоа беше страшно. Едвај го спасија бидејќи дојде на лекар во заден момент - вели неговиот брат Огнен (23). Ѓорѓе веќе четири години е апсолвент на Факултетот за спорт и физичка активност во Белград. Како што вели неговата сестра, не успева да го заврши факултетот бидејчи започнал да работи. Работи како личен тренер но и тренер на деца по пливање. Живее во Белград со неговите родители, неговиот татко е поранешен фудбалер, Томислав Ѓениќ. Нема девојка и сака ноќен живот. Може да работи и по 12 часа а тоа да не му претставува проблем да излезе вечерта.
- Отсекогаш беше жив, полн со енергија, ќе напишеше домашна работа и ќе истрчаше надвор да игра фудбал, вели неговата сестра Јелена (31). Темпераментен е, тешко е да го следиш па затоа нема девојка. Секогаш е опркужен со нив но е тврд како орев.
Ниту Барбара ниту Тина не се негов тип, иако неговата сестра смета дека повеќе му се допаѓа темнокосата сестра Шегетин. Неговите поранешни девојки потполно се различни од сестрите во куќата. Природни се и смирени.
- Ѓорѓе не сака вештачки девојки - вели неговиот брат Огнен. Ѓорѓе во куќата влезе со цел да заработи пари за да започне свој бизнис, односно да отвори теретана. Има работено се, од градежништво до продажба на телефони и парфеми.
Ново на Сител
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
-

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници
-

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
-

Иранската нафта ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД
-

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар во хала со смрзнати прехренбени производи
-

Бројот случаи на ебопа во ДР Конго достигна 956 инфицирани, 247 смртни случаи
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
