„Универзал Минералс Лимитед“ ја продолжува соработката со „Еуроникел“

Компанијата „Univesal Minerals Limited“ денеска соопшти дека ја продолжува соработката со ГСОЛ/Еуроникел кој е новиот инвеститор во „Фени Индустри“ и оти е потпишан нов комерцијален договор.
- Со откупување на вкупните побарувања што меѓународната компанија Universal Minerals Limited ги имаше од ФЕНИ Индустри во стечај, од страна на ГСОЛ/ ЕуроНикел, како и тоа што ФЕНИ Индустри продолжи со работа и покрај тоа што е во стечај, продолжи и деловното присуство на Universal Minerals Limited во Македонија, се вели во соопштението.
Компанијата е долгогодишен партнер на ФЕНИ Индустри, меѓутоа како и сите други доверители, се соочи со ризикот да генерира загуби заради неплатените долгови од страна на ФЕНИ, но, како што истакнуваат од компанијата, крајниот резултат од целокупната постапка е повеќе од задоволувачки.
- Сите имаме предрасуди кога станува збор за стечајна постапка. Меѓутоа, како меѓународна компанија презадоволни сме од начинот, постапката и ефикасноста на целата стечајна процедура и органите на стечајната постапка и нормално од крајниот резултат. Земајќи предвид дека како компанија доверител нашето побарување беше во целост откупено, а уште поважно е што и ФЕНИ продолжува со работа, со тоа продолжува и нашата соработка, овој пат со ЕуроНикел. За нас како странска компанија е од исклучителна важност земјите во кои сме деловно присутни да имаат позитивна деловна клима, независно и ефикасно судство, ефикасна администрација, стабилна законска регулатива. Токму преку примерот на ФЕНИ, се праќа позитивна порака до странските компании дека нивните инвестиции, деловни односи со домашни компании се безбедни, истакнува Џорди Енсио од Universal Minerals.
Ново на Сител
-

ИДФ: Иран возвраќа, детектирани ракети кон Израел
-

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНРиНТ и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош
-

„47 години Иран скандира Смрт за Америка“: Трамп го потврди нападот, Иран подготвува одмазда
-

Ирак го затвора воздушниот простор откако Израел и САД започнаа напади врз Иран
-

Најстудено утрово во Прилеп, Крива Паланка, Берово, Битола, дневната температура денеска од 10 до 15 степени
-

Ирански функционер: Иран се подготвува за одмазда, одговорот ќе биде катастрофален
-

Израел започна превентивен напад врз Иран, прогласи вонредна состојба
-

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, цел е иранскиот претседателски комплекс
