Хан: Верувам во успешен референдум
Верувам во успешен референдум и претпоставувам дека ќе добиете покана од НАТО на следниот самит, рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Топ тема на телевизија Телма.
Според Хан, со одлуката донесена вчера, јасно е дека преговорите ќе стартуваат, но Македонија, почнувајќи од денес, за една година мора да има некакви реформи.
- Ова е јасна задача, перспектива и голема награда за постигнувањата од последните неколку недели. Мора да сфатиме дека во рок од една година треба да има некакви реформи, истакна еврокомесарот.
Одлуката на европско ниво е донесена и нема натамошни дискусии во Европскиот совет.
- Работата е завршена, луѓето во земјата може да се потпрат на овој исход. Сега треба да почнеме да ги подготвуваме преговорите, рече Хан, напоменувајќи дека приоритет при скринингот ќе се стави на владеењето на правото и слободата на медиумите.
Во врска со противењето на Франција, Хан истакна дека мнозинството членки на ЕУ едвај чекаа да почнат преговорите, признавајќи го напредокот на Македонија.
- Неколку беа скептични, но не против. Важно е дека мнозинството беше „за“. Останатите имаа загриженост, но тоа не беше нешто што не може да се реши, што не е невообичано за ЕУ со оглед дека има 28 членки и исто толку различни мислења, објасни Хан и дополни дека секоја земја членка на ЕУ има право да стави вето за време на пристапниот процес.
Оценка на еврокомесарот е дека македонските граѓани имаат право да добијат подобра и достоинствена иднина. - Сега навистина можеме да работиме на тоа. По сите овие години и проблеми, државата гледа кон посветла иднина, заклучи Јоханес Хан
Ново на Сител
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
