Кривична пријава за струмичанец за лажно претставување

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против С.М (35) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Лажно претставување“, соопштија денес од струмичката полиција.
Имено, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист се претставувал како претставник на правно лице специјализирано за вршење на стручни работи за безбедност и здравје при работа. Исто така тврдел дека има решение и овластувања од Министерството за труд и социјална политика.
Во неколку компании осомничениот извршил стручни дејствија кои се состоеле од изработување и спроведување обуки за вработените за безбедно извршување на работата, вршење на проценки за ризик и микроклиматски мерења, како и разни мерења на физички штетности (ниво на топлина, бучава и осветленост).
- Овие дејствија пријавениот не смеел и не можел да ги извршува бидејќи истиот немал соодветно образование и немал никакви овластувања и сертификати за вршење на таквите работи од Министерството за труд и социјална политика согласно одредбите на Законот за безбедност и здравје при работа, информираат од СВР Струмица.
На тој начин пријавениот доведувајќи ги во заблуда, нанел директна финансиска штета на лиценцираните компании на подрачјето на Струмица.
Ново на Сител
-

Зеленски и Мерц го потврдија единството пред средбата на украинскиот претседател со Трамп
-

Сиљановска-Давкова и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и предновогодишна средба со нивните семејства
-

Намалена видливост поради магла на Плетвар и во Крушево
-

Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
