-->
-->
Австрија се заканува дека ќе го саботира договорот меѓу Македонија и Грција
-->
Австрија се заканува дека ќе го саботира тешко постигнатиот договор за името меѓу Македонија и Грција, доколку Европската Унија не ги прекине преговорите за членство со Турција, пишува лондонски „Телеграф“ коментирајќи ги последните поделби во ЕУ околу миграцијата.Дипломати од ЕУ брифираат за „Телеграф“ дека договорот може да биде неупотреблив на Самитот на ЕУ лидерите на 28 јуни во Брисел, односно дека Австрија може да стави вето на заклучоците и покрај тоа што Грција би го испратила договореното писмо за поддршка.
Секој самит на Европскиот совет обично завршува со сет на заклучоци, кои потоа делуваат како инструкции за Европската комисија. Австрија ги информирала дипломатите во Брисел дека ќе ги блокира заклучоците за проширување на ЕУ, ако Турција биде спомената во конктекстот на проширување заедно со Македонија и земјите од Западен Балкан како Србија и Црна Гора.
„Телеграф“ предвидува дека задкулисната драма околу миграционата политика на ЕУ може да еруптира на самитот во Брисел.
– Дипломатите на ЕУ ќе продолжат да преговараат за заклучоците во периодот од две недели што претстои до Самитот, но Виена не покажува знаци на ублажување на својот зацртан став и покрај поддршката за отпочнување преговори за членство која им се дава на некои земји од Западен Балкан, пишува „Телеграф“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
