-->
-->
Се чека на резултатите од обдукцијата на починатата родилка во штипската болница
-->
Раководството на штипската Клиничка болница резултатите од обдукцијата на починатата 28-годишна родилка, Маја Паневска од Свети Николе ги очекуваат најрано во понеделник. Паневска почина вчера во раните утрински часови.
- Обдукцискиот наод од Судска медицина ќе ги покаже причините за прераната смрт на родилката Паневска, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.
Паневска почина 24 часа откако беше примена на акушерското одделение во штипската болница. На свет по природен пат донесе здраво машко дете, но девет часа подоцна почина од засега непознати причини. Исто така се чекаат и наодите од обдукцијата на починатото бебе од пред неколку дена во штипската Клиничка болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година