Кумуцакос: Владата бараше аргументи што се во прилог на другата страна

Земјата со потпис ќе ја обврзе еден премиер кој е изолиран и од народот и од неговиот владин кабинет, премиер што нема согласност од министерот за одбрана, рече одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос на денешната расправа во грчкиот Парламент за гласање недоверба на Владата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кумуцакос рече дека Нова демократија го отфрла договореното затоа што не прифаќа „лоши договори“, а упати и обвинувања до Владата дека барала аргументи што се во корист „не на Грција, туку на другата страна“.
- Ви даваме аргументи, постоечки аргументи дека не е признат македонскиот јазик од Грција во модерниот облик на македонското прашање, а вие барате, наоѓате, многу сте детални во тоа да најдете аргументи што се во прилог на другата страна. Ова никогаш се нема случено. Никогаш се нема случено министер за надворешни работи и Влада да бараат аргументи што се во корист на другата, а не на нашата страна, рече Кумуцакос во однос на признавањето на македонскиот јазик.
Надлежниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија го сподели неговото искуство кога како дипломат добивал упатства од Министерството за надворешни работи, секогаш кога ќе ја видел придавката македонско/а/и поврзано за Репубика Македонија, да реагира и да се обиде да го промени тоа.
- Ова беа упатствата. Сега никој дипломат, што има водено битки за овие прашања согласно со упатствата, не може да ја прифати вашата отстапка, рече Кумуцакос.
Тој рече дека постигнатиот договор, впрочем е истиот оној за Илинденска Македонија, но само со сменет наслов.
- Овој договор во целина е истиот договор што ја материјализира содржината на името Илинденска Македонија. Го сменивте насловот, но го оставивте останатото. Овој договор беше готов, прилагоден на името Илинденска Македонија, најиредентистичкото име во историјата на преговорите. Не успеавте со тоа име и само го сменивте насловот, но се друго му служи на најиредентистичкото име во 30-те години од преговорите, коментираше Кумуцакос од собраниската говорница.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
