Иванов оствари средба со претседателот на бугарското Собрание, Карајанчева
Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на бугарското Собрание Цвета Карајанчева на денешната средба во Софија разменија информации за процесот на имплементација на Договорот за добрососедство и беше поздравена динамиката на соработка и преземените и иницијативи и активности од страна на двете држави.
Македонскиот претседател изрази надеж дека двете земји ќе продолжат да соработуваат на промоција на заедничките интереси во регионот и дополнително ќе ја унапредат билатералната соработка.
На средбите беа разменети мислења за актуелните случувања во двете земји и за европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ и Самитот на НАТО.
Претседателот Иванов го поздрави успешното претседавање на Република Бугарија со Советот на ЕУ, истакнувајќи дека Република Македонија високо ја цени поддршката од Бугарија за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, додавајќи дека политиката на проширување на ЕУ, останува најефикасниот инструмент за гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот во Западен Балкан.
Иванов ја реафирмираше определбата на Република Македонија за најдобри можни односи и соработка со сите соседи и се заблагодари за поддршката од Бугарија во овој исклучително важен период за нашата земја.
Ново на Сител
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината