Шесто издание на „Шекспир фест“ во Битола
12 претстави од Шекспир за осум дена ќе се одиграат на шестото издание на Битола Шекспир фестивалот кој ќе се одржи од 23 до 30 јуни во Битола. Од битолскиот театар кои се организатори на фестивалот, за оваа година најавуваат рекорден број гости.
-Околу 500 луѓе кои ќе бидат гости на годинешниот фестивал и тоа е импозантна бројка на луѓе, актери, уметници во период од седум деца. Организацијата ќе ја засилиме, рече Лина Чоревска, уметнички директор на Народен театар Битола.
Новото раководство реши да го продолжи одржувањето на фестивалот, затоа што веќе неколку години е член на Асоцијацијата на европски Шекспир фестивали.
-Како театар којшто има поставено најмногу дела од Шекспир во Македонија и единствен театар од Македонија кој гостувал во Глоуб театарот во Лондон што беше и иницијална каписла за да се направи овој фестивал овде, сметавме дека е паметна идеја да се продолжи традуцијата, изјави Иван Јериќ, директор на Народен театар Битола.
Фестивалот ќе го отвори битолскиот театар со претставата Јулие Цезар, а своевидна сензација ќе биде полскиот хор и ѕвездата Станислав Сојка кои акапела ги пеат сонетите на Шекспир. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со два милиони денари и од Општина Битола со околу милион и половина денари.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
