Премиера на балетот „Танцот на кадетите“ на Bullfrogs Ballet School
Во понеделник, 18 јуни, со почеток во 20:00, на големата сцена во Македонската Опера и Балет, премиерно ќе се изведе балетот „Танцот на кадетите“, во продукција на Bullfrogs Ballet. Билетите се во продажба на билетарата на МОБ. Кореографијата е на Александра Никифоровски, уметничкиот директор на Bullfrogs Ballet School, а работена е според кореографијата на Дејвид Лишин, кој за прв пат го поставува балетот на 1 март 1940 година за Театар Ројал во Сиднеј, Австралија.
Дејствието се одвива во женско училиште во Австрија околу 1840-тата година и ја раскажува приказната за матурскиот бал во училиштето, каде преку танц и комични ситуации се пренесува приказната за првата средба помеѓу младите девојки и кадетите, како и првата романса помеѓу главните ликови во балетската претстава, на музика од Јохан Штраус.
Главните улоги ќе ги одиграат Керолајн Бутемeр, Јана Трпковска, Анастасија Саша Тофоска, Бистра Младеновска, Андреа Ѓошева, Срна Керметчиева, Нина Ханафин, Миа Атанасовска, Ива Јарчевски и Матеа Дамева, од Bullfrogs Ballet School. Улогата на директорката на женското училиште ќе ја одигра Надица Цикарска Ристеска, додека пак улогата на директорот – Генерал на воената академија ќе ја одигра Томислав Давидовски. Ансамблот го сочинуваат учениците од Bullfrogs Ballet School.
Овој енергичен и комичен балет во еден чин ја обработува приказната за Матурскиот бал во женско училиште во Виена во некаде околу 1940 година, на кој се поканети и кадетите од блиската воена академија. Bullfrogs Ballet School e првото интернационално приватно балетско училиште кое оваа година ќе одбележи 10 години од своето постоење, предводено од Александра Никифоровски.
Никифоровски има долгогодишно искуство како балетски педагог и кореограф. Нејзиното кореографско портфолио ги вклучува: „И жената знае да вози“, „Аметист“, „Тесеракт“, „Моите песни, моите соништа“, „Ени“, „Тарантела“, „Лебедово езеро“, „Сон на летната ноќ“.
Ново на Сител
-
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС
-
Администрацијата на Трамп му се закани на Харвард со укинување на федералното финансирање
-
УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР