Цените на производителите на индустриски производи повисоки за 0,9 проценти

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно месечно се на исто ниво како и претходниот месец, а се повисоки за 0,9 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво.
Во април 2018, во споредба со март 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 4,7 отсто, а се повисоки во секторот преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 отсто.
Во април 2018, во споредба со април 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 0,6 отсто и во секторот преработувачка индустрија за 1,2 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2,6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво.
Во април 2018, во споредба со март 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 5,8 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,4 отсто.
Во април 2018, во споредба со април 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 7,4 отсто, а во секторот преработувачка индустрија за еден отсто.
Ново на Сител
-

Врховниот суд го одби барањето на Васил, останува казната од 13 години затвор
-

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток
-

Македонските кикбокс судии со меѓународни признанија и лиценци
-

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико
-

Спортинг прв четвртфиналист во Лигата на шампионите
-

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко
-

Работнички и Тиквеш ќе играат натпревар во чест на Андреј Лазаров
-

Кварацхелија: Да се постигнат три гола против Челзи е фантастично
