Георгиевски и Павлевски признаа вина, постапката за нападот врз Села ќе се раздвои
Цео Георгиевски и Стојан Павлевски за кои Обвинителството по разгледувањето на новите докази го смени обвинителниот акт, од обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во насилство за настаните во Собранието на 27 април лани, денеска пред судот ја признаа вината по новото обвинение.
- Ја признавам вината, го разбирам обвинението, рече Георгиевски.
Неговиот адвокат Дончо Наков побара, согласно новото обвинение, постапката против Цејо Георгиевски да се одвои.
И обвинетиот Стојан Павлевски, рече дека го разбира новото дело за кое се терети, и дека по дадените видео докази се чувствува виновен.
- Ја признавам вината. Се чувствувам виновен за делото за кое се теретам, рече Павлевски.
Двајцата обвинети кажаа дека свесно и доброволно ја признаваат вината.
Претседателот на Судечкиот совет судијката Славица Андреевска, по признанието на вина од обвинетите, кажа дека кривичното дело за насилство поведено по измените на обвиненеито се раздвојува од постапката за другите обвинети, кои се обвинети за обид за убиство.
За кривичното дело насилство, според законот, е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.
Судијката Андреевски по признанијата од Георгиевски и Павлевски даде пауза од еден час, по која се очекува да продолжи судењето.
За обид за убиство на Села, според новиот обвинителен акт, обвинети се седум лица: Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.
Сите обвинети се присутни на денешното рочиште во Кривичниот суд
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната