Партиите со меѓусебни обвинувања на сметка на Заев и Мицковски
Христијан Мицкоски да се извини за тоа што одредено време, сепак, наплатувал за својата советничка функција во владиниот кабинет на Никола Груевски. Република Македонија не е лична сопственост на кланот Заеви и Зоран ЕДНО ЕВРО Заев мора итно да ја напушти фотелјата. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни препукувања за ривалските партиски лидери.
Владејачката СДСМ тврди дека Христијан МИцкоски не рабател бесплатно како советник во Владата на Никола Груевски.
- Ова негово лично признание, потврдува дека Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните.Јавно објавените документи покажуваат дека Мицкоски, додека му бил советник на Груевски, земал пари од Буџетот и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари...Го повикуваме Мицкоски да не се крие зад конфузни соопштенија од неговата партија туку да излеза пред граѓаните и да им се извини, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ
Од ВМРО-ДПМНЕ веќе одговорија дека Мицкоски имал два договори за соработка со Владата од времето на Груевски – едниот кој траел неколку месеци и според кој земал надоместок и вториот во кој не бил предвиден надоместок односно Мицкоски работел про боно.
Од опозициската партија, како одговор на обивнувањата на СДСМ за Мицкоски, излегоа со низа обвинувања за Заев.
- Зоран ЕДНО ЕВРО Заев, преку своите бизниси на кои фигурираат неговите брат, чичковци, стрини, вујни, ја исцеди Струмица и целосно ја приватизираше. Сега Зоран ЕДНО ЕВРО Заев, криминалните зафати од Струмица, ги спроведува на државно ниво. Бројни се сведочењата на оние кои се’ повеќе се охрабруваат да проговорат за начинот на кој кланот на ЕДНО ЕВРО Заев ја стави Струмица под нозе, а сега го препознаваат истиот начин на водење криминал и на државно ниво...Република Македонија не е лична сопственост на кланот Заеви. Зоран ЕДНО ЕВРО Заев мора итно да ја напушти фотелјата. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро, изјави Наум Стилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Заев да објасни зошто возилата и имот кои ги користи се на заедничките сметки на компаниите на Заеви, наместо на негово име.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
