-->
-->
ЕУ со повик до мигрантите од балканската рута да користат бесплатни авиони до земјите за азил
-->

Европската унија има намера да ги повика бегалците да чекаат во Грција за бесплатни билети за авион до други држави кои им даваат прибежиште наместо да преземат ризик да минуваат низ Балканот во текот на зимата. Тоа го најавауваат извори од Унијата на кои се повикуваат западни медиуми.
Тие ветуваат брза акција за прифаќање на вчерашните договори на балканските лидери за контрола врз мигрантскиот бран од Турција кон Германија.
Изворите од ЕУ признаваат дека нема да прекине бранот луѓе кои бараат азил.
– Идејата е исто да го убедиме сирискиот татко да остане во Грција со семејството додека бидат преместени, вели еден од изворите. – Бесплатниот лет до безбедна држава ќе биде многу подобра можност од несигурните минувања на север, наведе тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
