Бизнис
5. јуни 2018 - 19:44

Македонски шуми: Навреме ќе бидат испорачани дрвата за огрев

Дрвата за огрев нема да доцнат, а цените се исти како лани, велат од Македонски шуми.

Од претпријатието  уверуваат дека на сите граѓани кои пред почетокот на грејната сезона потпишале договор навреме ќе им бидат исорачани дрвата. И годинава цената за метар кубен останува иста.

Повикот  за пријавување беше објавен лани во декември и траеше до 31 март. До тогаш сите имаат правод а ги поднеста барањата.

2.370 денари се плаќа за метар кубен буково дрво, а  2.470 денари за  даб.

Од македонски шуми најавија дека ќе се сертифицираат и шумите. Процесот ќе се врши според програма која се користи во европските земји.