Ова е убиениот вчера во тетовско Ларце, терорист на ОНА, криминалец, убиец, киднапер
Јетон Реџепи е лицето кое вчера изутрина беше убиено во атарот на селото Ларце, откако со рачна граната ги нападнал специјалците од ЕСЗ „Тигар“ кои по телеграма влегле во неговиот дом да го апсат за одлежување на казна од 26 години
Реџепи, освен криминалец, бил и припадник на терористичката ОНА во текот на 2001-та година активен во тетовскиот регион, и регионот околу Грпучин и Карпалак.
Во периодот од 2000 до 2016 година, до ОЈО Тетово и ОЈО Скопје се поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела меѓу кои и „убиство”, „убиство во обид”, „грабнување”, „противправно лишување од слобода”, „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”, како и кривични дела „тешка кражба”, „разбојничка кражба”, „одземање на моторно возило”, „тешка телесна повреда” и „учество во тепачка”.
Во периодот кога 38-годишниот Ј.Р. се наоѓал во бегство, во четири наврати биле направени обиди за негово апсење, меѓутоа во сите случаи истиот пружил активен отпор со употреба на различни видови на оружје кон полицијата.
Вчера тој со панцирен елек и тешко вооружување се обидел да и возврати на полицијата, по што набрзо бил смртно застрелан на околу 200 метри од неговиот дом во тетовско Ларце.
Ново на Сител
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
-

Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар: Реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран
-

ИДФ почнаа нов бран напади против иранските ракетни фрлачи
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

МНР и НТ: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
-

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец
-

Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион
