Велешани го добија Офицерскиот дом
Општина Велес ќе го добие во сопственост Офицерскиот дом во градот согласно одлука на Владата од 22 мај, а на барање на општината, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на општината Аце Коцевски.
- Оваа одлука сметам дека е од големо значење за Велес и велешани. Наместо да зјае празен и да пропаѓа, ќе го вратиме животот во ова култно место за граѓаните. Во најскоро време Офицерскиот дом пак ќе биде центар на социјализацијата и дружењето за сите генерации велешани и ќе ја поттикне локалната економија, рече Коцевски, соопштија од општината.
Тој додаде дека ова е остварување на дел од визијата за Велес и одлуката на граѓаните за намената на Офицерскиот дом искажана на јавната расправа за капитални инвестиции.
- Во најкус можен рок ќе објавиме јавен повик за заинтересираните инвеститори и угостители, најави Коцевски кој упати јавна благодарност до Владата за брзата одлука и отворената можност за враќање на сјајот на Офицерскиот дом.
Површината на парцелата лоцирана на улицата „Благој Ѓорев“ бр. 1 е 2.663 м2. Објектот има подрумски простории, приземје, кат и поткровје, а од сите други страни е обиколен со парк. Приземјето опфаќа 201 м2. Катот има 17 простории, тераса и санитарии со површина од 162 м2, а поткровјето вклучува две простории со вкупно 53 м2.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа