Кина: Воените бродови на САД во Јужното Кинеско Море - провокација
Кинеското Министерството за одбрана денеска изјави дека е провокација тоа што две американски воени брода поминале блиску острови во Јужното Кинеско Море за кои Пекинг тврди дека и припаѓаат на Кина.
- Со оваа акција на САД, сериозно се нарушува суверенитетот на Кина, бидејќи воените бродови влегоа во кинеските територијални води без дозвола, се вели во соопштението.
Кинески бродови и авион беа испратени да ги предупредат бродовите на САД да ја напуштат територијата.
Неименувано американско официјално лице претходно изјави дека разорувачот опремен со ракети „Хигинс" и крстосувачот опремен со проектили „Антиетам“, стигнале на 12 наутички милји од Параселските острови, за кои Кина има територијални спорови со своите соседи.
- Воени бродови на САД извршиле маневарски операции во близина на остроите Три, Линколн, Тритон и Вуди , изјави едно службено лице.
Ново на Сител
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград